Често поставувани прашања

Лековите препишани од страна на лекар, како стандардна медицинска терапија дадена по проценка на лекарот, се неопходни за лекување на инфективни болести или контрола на одредени метаболни и физиолошки состојби во организмот на човекот кои се нарушени. Додатоците на исхраната не се лек, нити замена за лековите! Тие можат да помогнат во снабдување на организмот со витални нутриенти, фитоелементи и други природни компоненти за кои постојат потврдени научни сознанија дека помагаат или дека можат да помогнат во одржување на нормалната физиолошка и метаболна функција на ткивата и органите, со што помагаат за нивна заштита, побрза обнова, како и нормализирање или подобрување на нивната функција.
Не! Додатоците на исхрана не се лекови, нити се замена за лековите! Треба да се продолжи употребата на пропишаната медицинска терапија (лекови), а со нив може да се користат додатоци на исхраната. Прекин на земањето на лековите може да се направи само во консултација со лекарот кој ја препишал терапијата.
Генерално додатоците на исхрана се целосно безбедни за употреба и можат да се користат заедно со стандардна медицинска терапија – лекови, освен во случаи кога на упатството на лекот експлицитно и директно е наведено дека лекот не треба да се зема заедно со специфичните состојки кои ги содржи додатокот на исхрана. За поголема сигурност можете дополнително да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт.
Не. Додатоците на храна не се лекови и за нив не може да се тврди дека ќе излекуваат болест! Но, благодарение на специфичните нутриенти, фитоелементи и други биоактивни молекули кои ги содржат, додатоците на исхраната можат да помогнат во враќањето на нормалната физиолошка и метаболна функција на ткивото или органот кој е оштетен или заболен, можат да помогнат во спречување на неговото оштетување и да обезбедат елементи потребни за негова регенерација и правилна функција.
Производите подлежат на контрола и регистрација од страна на недлежните државни институции, кои прават контрола и испитувања на исправноста и безбедноста на производите (микробиолошки анализи за присуство на патогени микроорганизми, мувла, резидуи на тешки метали, пестициди и др.). Согласно правените испитување сите производи ги задоволуваат стандардите за безбедност на употреба. Доколку производите се земаат согласно препорачаниот начин на употреба и се чуваат согласно препораката наведена на декларацијата/етикетата тие се целосно безбедни за употреба.
Додатоците на исхрана претставуваат поддршка на редовната исхрана и стандардната медицинска терапија, доколку се зема. Нивната примена е потребна и добредојдена со цел заштита, подобрување и одржување на здравјето и функцијата на дадено ткиво, орган или сегмент од метаболизмот, а потребата за нивна употреба или препорачаното време за употреба зависи од повеќе фактори, меѓу кои и степенот на оштетување и нарушена функција на ткивото или органот, времетраење на болеста, дали станува збор за акутна или хронична состојба, постоење на други коморбидитети и др. Општата препорака е додатоците на исхрана да се употребуваат во период од барем 3 до 6 месеци т.е. до значително подобрување, нормализирање и одржување на состојбата.
Да. Додатоците на исхрана содржат нутринти и елементи кои се потребни за оптимална функција на организмот на човекот или кои помагаат во заштита и при третманот со одредени актутни или хронични состојби, а согласно контролата и препораките од страна на институтот за Фармакологија при Медицинскиот факултет во Скопје, се безбедни и за долгорочна употреба.
Генерално, сите додатоци на исхрана можат да се користат истовремено, односно во зависност од потребата.
Додатоците на исхрана се производи безбедни за употреба доколку се употребуваат согласно препорачаната доза наведена на етикетата/декларацијата на производот, или согласно препораката добиена од страна на лекар. Препорачаната дневна доза за употреба не треба да се надминува! Внесот на неконтролирани, прекумерни дози може да има негативни последици по здравјето.
Согласно лекарските препораки, на лицата под 18 години не им се препорачува да користат додатоци при искрана, освен во случај кога истите се наменети за определна намена за младата популација.
Начинот на чување на секој додаток на исхраната е наведен на декларацијата/етикетата на самиот производ. Поради својот природен, специфичен состав, генерално сите производи треба да се чуваат на суво, темно и поладно место, подалеку од дофат на деца.
Доколку заборавите да земете од додатокот на исхрана можете да ја надополните пропуштената доза или да сочекате до земањето на следна, единечна доза. Генерално нема никаков негативен ефект доколку пропуштите да земете од додатокот на исхрана.
Начинот на користење на додатоците на исхрана е точно наведен на декларацијата/етикетата на производот. Придржувањето до препорачаниот начин на употреба ќе овозможи најдобра дигестија, апсорпција и искористување на состојките во производот, што овозможува и најдобар ефект.
Генерално додатоците на исхрана не се наменети за употреба во бременост и период на доење. Во такви случаи пред употребата консултирајте се со вашиот лекар.