За Healthy.mk

HEALTHY.mk е платформа за промоција, презентација и понуда на природни, сертифицирани и иновативни производи за здравје и убавина.

HEALTHY.mk нуди различни групи на производи кој се поделени во категории и подкатегории со различна намена за подржшка и одржување на здравјето и убавината. Суплементи, додатоци во исхрана, посебни прехрамбени производи како и производи за нега и одржување на телото исклучиво од природно потекло. Покрај производите во палетата на HEALTHY.mk има застапено и услуги за здравје и убавина од медициснки лица, тренери и промотори на истите.

Во една реченица HEALTHY.mk е агрегатор на производи и услуги поврзани со превентивното здравје и убавина од прирдно потекло.

Мисија

Во времето во кое живееме полно со стресови, динамика и бесконечна трка со времето, луѓето се наоѓаат во ситуација на секојдневна борба и натпревар за постигнување на својте цели и задоволување на својте потреби.

Во минатото човекот можел да ги задоволи својте потреби за физички, а следствено и психички баланс, спокој и здравје, но со забрзување на темпото на активности нашите тела забрзано ги трошат ресурсите кој ние ги доставуваме во нашите организми со редовниот внес на храна и пијалоци.

HEALTHY.mk има задача сите овие превентивни додатоци да ги понуди на едно место на клиентите, на начин најприфатлив и достапен за истите.

Цел

Денешницата е време во кое сите имаме потреба од производи и услуги кој ги бараме на различни места под различни услови. Можноста за Виртуелен СУПЕРМАРКЕТ за производи и услуги со природно потеклно за превентивно здравје и убавина на едно место е нашата ЦЕЛ....клиентите и потрошувачите да имаат опција за избор и опција за достапност на најдоброто под најповолни услови.