Алантоин (Гавез)

Алантоинот е екстракт од растението Гавез (Comfrey), има моќни лековити и смирувачки својства за кожата, се користи како навлажнувал, ја смирува кожата, го подобрува заздравувањето на раните, ексфолира, хидрира, ја подобрува еластичноста на кожата, ја измазнува и ја подмладува.
Кожа Кожа Кожа Кожа

Алантоин: смирувачка состојка за нега на кожата

Алантоинот е екстракт од растението Гавез (Comfrey), кое потекнува од умерените клими во Азија и Европа, има моќни лековити и смирувачки својства, а со векови листовите од ова растение се користеле за да помогнат во лекувањето на помали повреди на кожата и отоци. Дополнително, може да се најде во различни растенија како што се цвекло, камилица, никулци од пченица, па дури и семки од тутун. Алантоинот доаѓа во форма на прав и се наоѓа во многу креми и течности како што се навлажнувачи, пилинзи и маски.

Придобивките од алантоин за кожата

Навлажнува: Алантоинот делува како навчажнувач кој ја одржува вашата кожа навлажнета и спречува сувост и иритација.

Ја смирува кожата: Алантоинот има дополнителна функционалност да биде смирувачки агенс. Toj ја смирува и заштитува кожата со формирање на комплекси со иритирачки и сензибилизирачки агенси.

Го подобрува заздравувањето на кожата: Помага да се смири повредената кожа и да се промовира заздравувањето на раните и често се користи за лекување на иритација на кожата и осип.

Ексфолира: Алантоинот е исто така кератолитик, што значи дека ги ексфолира мртвите клетки на кожата. Помага при десквамација, пролевање на најнадворешната мембрана или слој ткиво од внатре кон надвор.

Хидрира: Неговото хидрирачко својство може да ја зголеми содржината на вода во клетките, затоа, се бори против оштетувањето на трансепидермалното губење на вода  во дермисот, што ја одржува кожата сјајна и младешка.

Ја подобрува еластичноста на кожата: Алантоинот ја промовира пролиферацијата на клетките и го поддржува целокупното „ремоделирање“.Она што сакаме да го направиме со епидермисот е тој постојано да се ексфолира и да се произведуваат повеќе клетки бидејќи на тој начин се добива побрзо време на транзит на епидермалните клетки. Како што луѓето стареат, тогаш тоа време на транзит од основниот слој на епидермисот до горниот слој му треба подолго време, а исто така кожата е под стрес, а тоа се главните причините за  сува кожа.

Ја измазнува кожата: Отстранувањето на површинските мртви клетки на кожата, исто така помага да се одржи кожата мазна и мека.

Ги подмладува клетките: Тој е ефикасна состојка против стареење. Алантоинот е многу корисен за олеснување на синтезата на колаген, бидејќи ги стимулира фибробластите (клетките одговорни за производство на колаген), тој исто така ја зајакнува синтезата на екстрацелуларната матрица, поради што е одговорен за подмладување на кожата.