Рузмарин, Rosmarinus officinalis е миризлива билка родена во медитеранскиот регион. Рузмаринот е богат извор на железо, калциум и витамини А, Ц и Б-6, се користи за медицински цели со векови, против косопаст, артритис, нефропатија, анксиозност, ментален замор, хипотензија и гингивитис.
Глуварче или Taraxacum. Историчарите на растенијата знаат дека глуварчињата се важна компонента на традиционалната кинеска медицина најмалку илјада години, помагаат при мноштво проблеми, вклучувајќи нарушувања на бубрезите, желудникот и црниот дроб, иритации на кожата, проблеми со жолчното кесе, дијабетес, артритис, анемија, запек, забоболки, трески.
Липата, Tilia е свето и универзално дрво. Почитувана уште од античко време, користена со векови, сакана низ целиот свет, липата е пар екселанс дрвото на изобилството, најкорисното дрво што постои. Помога во ублажување на анксиозноста, помога во спречување на хронични болести, го детоксицира телото, ги намалува настинката и грипот, го отстранува воспалението, помага во подобрување на варењето.
Слатката детелина научно позната како Melilotus officinalis ја има во Северна Африка, Европа, како и во умерените климатски региони на Азија. Слатка детелина се користи како деуретик, за венски проблеми, кај лекување на рани и тапи повреди, помага да се намали ризикот од флебитис и тромбоза, се користи за лекување на несоница, нервна напнатост, невралгија, палпитации, проширени вени, болна конгестивна менструација, за спречување на тромбоза, надуеност и цревни нарушувања.
Етеричното масло од гераниум се добива на начин со парна дестилација на листовите на Гераниумот, Pelargonium graveolens, растителен вид кој потекнува од Јужна Африка. Се користи кај акни, дерматитис и воспалителни состојби на кожата, кај едеми, кај инфекција, кај менопауза, кај стрес, анксиозност и депресија, кај херпес, кај алергии, кај нега на рани, кај дијабетес.
Garcinia cambogia е диво тропско и суптропско растение. Растението помага за намалување на тежината, помага при хронична инфекција со Helicobacter pylori, го зголемува имунитетот, се користи за лекување на чир, едем, треска, хемороиди, отворени рани, запек, дизентерија, дијареа и цревни паразити.