Производи и информации кои помагаат при хормонален балас, регулација на хормоните и правилна работа на човековото тело.

Производи & Пакети

Дали знаете & Факти од Природата

Босвелија

Boswellia serrata е растение од кое се прави индиски темјан. Помага кај артритис, кај заздравување на раните, го подобрува имунолошкиот систем, ја спречува главоболката, го намалува стресот, помага при дигестивните проблеми, ја враќа хормонската рамнотежа на телото.

Витекс

Витекс агнус-кастус, Vitex agnus castus исто така наречен витекс, чесно дрво,честер е голема грмушка родена во Медитеранот и Азија. Витексот помага кај ендометриоза, фиброиди на матката, акни на кожата, кај зголемена простата, кај ПМС, за нормализирање на менструалните циклуси.

Жолт кантарион

Жолт кантарион или Hyperici herba  е ароматично повеќегодишно растение кое припаѓа на родот Hypericum и Hypericaceae. Билката го добила своето име кантарион затоа што има златно жолти цветови кои изобилно се појавуваат некаде околу денот на Свети Јован, односно 24 јуни - денот кој обично се памети како роденден на Јован Крстител.

Јапонска јазолна трева (Полигонум)

Полигонум или Јапонска јазолна трева Polygonum cuspidatum е често познат како мексикански бамбус или јапонски јазол и лесно се наоѓа во Азија и Северна Америка. Во традиционалната кинеска медицина се користи за бронхитис, аменореа (отсуство на менструација), жолтица и крвен притисок. Полигонумот го привлече вниманието на западните истражувачи поради неговата висока концентрација на ресвератрол. Претходно се покажа дека ресвератролот има антиинфламаторно, антигабично, антибактериско, антивирусно, имуномодулаторно, хемопревентивно и кардио-заштитно дејство.

Менопауза

Менопаузата, позната и како „промена на животот“, е крај на менструацијата  во животот на жената. Тоа е природна појава на крајот на репродуктивните години, исто како што и првиот период во пубертетот беше почеток. Ќе знаете дека дошло до менопауза ако немате менструално крварење 12 месеци. Повеќето жени стигнуваат до менопауза на возраст од 45 до 55 години, а просекот е околу 51. Менопаузата пред 40-тата година се нарекува „предвремена менопауза“, а пред 45-тата година се нарекува „рана менопауза“.

Црно Гоџи Бери

Црната гоџи бобинка Lycium Ruthenicum  или црната волчица е хранливо овошје кое содржи поголема содржина на антоцијани во споредба со другите бобинки. Црната гоџи бобинка помага за намалување на холестеролот, спречува срцеви заболувања, помага кај менструални нарушувања, го штити видот и помага кај дијабет.

Црно семе

Nigella sativa е мало црно семе кое потекнува од цветно растение од семејството Ranunculacea. Тој има потенцијал да ги ублажи симптомите на астма, помага кај висок крвен притисок, кај рак, кај мигрена, при воспаление и артритис, кај чир на желудникот, ја подобрува концентрацијата и помага при менструалните нарашувања.