Производи и информации кои помагаат во регулирање на холестеролот, мастите и ја подобруваат работата на срцето и кардиоваскуларниот систем.

Производи & Пакети

Дали знаете & Факти од Природата

Авокадо

Авокадо или  Persea americana потекнува од Мексико, го намалува холестеролот, го подобрува здравјето на срцето, има придобивки кај видот, може да ги намали симптомите на артритис, помага кај заздравување на раните.

Бадем

Бадемите Prunus dulcis се меѓу најпопуларните јаткасти плодови во светот. Бадемите даваат огромна количина на хранливи материи, тие се фантастичен  извор на антиоксиданси, се богати со витамин Е, помогнат при контрола на шеќерот во крвта, можат да го намалат нивото на холестерол, го намалува гладот, намалувајќи го вкупниот внес на калории.

Глуварче

Глуварче или Taraxacum. Историчарите на растенијата знаат дека глуварчињата се важна компонента на традиционалната кинеска медицина најмалку илјада години, помагаат при мноштво проблеми, вклучувајќи нарушувања на бубрезите, желудникот и црниот дроб, иритации на кожата, проблеми со жолчното кесе, дијабетес, артритис, анемија, запек, забоболки, трески.

Див Мечкин Лук (Сремуш)

Allium ursinum,  вообичаено наречен Див Мечкин Лук (Сремуш) или Ramsons, е луковично повеќегодишно растение кое потекнува од влажните засенчени шуми во Европа и северна Азија. Лекува хронични болести, потоа го подобрува здравјето на срцето, ги третира стомачните проблеми, има антибактериски ефект, помага кај висок холестерол и крвен притисок и помага при детоксикација.

Кокос

Кокосот Cocos nucifera е разноврсно овошје. Не само што е составен дел на кујните од целиот свет, туку содржи и вода која се консумира поради неговите лековити својства. Кокосот го подобрува нивото на холестерол, може да ги намали инфекциите, може да го намали ризиокот од деменција, го намалува оштетувањето на клетките.

Маитаке

Маитаке Grifola frondosa печурката е многу хранлива и корисна како функционална храна. Нејзината хранлива вредност доаѓа од амино киселини, витамини од групата Б и минерали, вклучувајќи бакар, цинк и фосфор, исто така содржи импресивна количина на алфа- и бета-глукански полисахариди, тритерпени и дополнителни биоактивни хемикалии за кои е познато дека нудат широк спектар на здравствени придобивки.

Плод од Нони

Morinda citrifolia (нони или индиска црница) е по потекло од областа од Југоисточна Азија до северна Австралија. Помага за ублажување на болки, јакнење на имунитетот, се користи како антидепресив, помага кај тумор, кај хипертензија, кај холестерол, при запек, ја подобрува меморијата.

Сибирски Женшен

Елеутеро (Eleutherococcus senticosus) е дрвенеста грмушка наречена сибирски женшен. Ги олеснува симптомите на настинка, ги подобрува алтлетските перформанси, помага кај хроничен замор, ја подобрува меморијата, помага кај висок холестерол, помага при мозочен удар, го штити срцето.

Црно Гоџи Бери

Црната гоџи бобинка Lycium Ruthenicum  или црната волчица е хранливо овошје кое содржи поголема содржина на антоцијани во споредба со другите бобинки. Црната гоџи бобинка помага за намалување на холестеролот, спречува срцеви заболувања, помага кај менструални нарушувања, го штити видот и помага кај дијабет.