Производи и информации кои придонесуваат за здрава и убава коса.

Производи & Пакети

Дали знаете & Факти од Природата

Арган

Арганово дрво (Argania Spinosa) Во еден мал агол на југозападниот дел на Мароко во Северна Африка расте единствената шума Арган во светот. Има антиоксидантни и антиинфламаторни својства, се користи за нега на кожата, за здрава коса, има дури и придобивки за дијабетесот.

Глицерин

Глицерин или Glycerol. Овој лек се користи како навлажнувач за лекување или спречување на сува, груба, лушпеста, кожа и помали иритации на кожата (како што се пелени осип, изгореници на кожата од терапија со зрачење), како и кај проблем со вени.

Д-пантенол

Д - пантенол или е хемиска супстанција направена од пантотенска киселина, позната е и како витамин Б-5. Се создава органски и може да се произведува и од растителни и од животински извори. Се користи кај производите за нега и убавина.

Екстракт од полжав

Екстрактот од полжав Gastropoda е одличен извор на железо, притоа содржи витамин Б12, калиум, витамин А и голем број на минерали истотака одличен е и за кожата против брчки, стрии и стареење.

Жалфија

Salvia officinalis обично се нарекува жалфија која е повеќегодишна, зимзелена подгрмушка родена во медитеранскиот регион. Жалфијата помага да се зголемат способностите за потсетување и задржување на меморијата, го подобрува имунолошкиот систем, се користи против опаѓање на косата и ќелавост, помага во справувањето со дијабетесот, има антивоспалителни својства.

Киново дрво

Дрвото кинин (Cinchona pubescens) е зимзелена грмушка или мало дрво. Припаѓа на фамилијата Rubiaceae (Brooches). Кининот се користел уште во антиката за лекување разни болести како маларија, треска, дијареа, надуеност, ревматски заболувања, анемија, косопаст, акни, проширени вени, хемородиди и др.

Коприва

Копривата (Urtica dioica) е повеќегодишна билка, што значи дека може да расте најмалку две години, а потекнува од Европа, Азија, Северна Африка и Северна Америка. Листот од коприва е корисен за намалување на болките и воспалението во зглобовите, за управување со шеќерот во крвта, го подобрува респираторното здравје, корисен е и за косата, кожата и ноктите.

Линцура

Линцура научно позната како Gentiana lutea  е исто така позната како Great Yellow Gentian, горчлив корен. Помага да се намали ризикот кај ракот, спречува хистерија, ја подобрува циркулацијата на крвта, се користи за лекување на дијареа, го намалува високиот крвен притисок, помага при анемија и го зголемува апетитот.

Мајоран

Мајоранот научно познат како Origanum majorana , наречен и диво оригано или сладок риган е билка која е член на семејството нане (Lamiaceae). Тој е исклучително корисен за вашето кардиоваскуларно здравје, го намалува високиот крвен притисок, исто е одличен начин за зајакнување на јачината и здравјето на коските, одличен избор за да го контролирате дијабетесот, помага при згрутчување на крвта и спречува анемија исто така помага при лекување на настинката и кашлицата.

Маслинка

Маслинка или Olea europaea се мали плодови кои растат на маслинови дрвја. Маслинката има кардиоваскуларни придобивки, помага кај превенција на рак на кожата и предвремено стареење, помога во ублажување на астмата, остеоартритисот и ревматоидниот артритис, се користи кај чир на желудникот и гастритис, клучен е за здравјето на видот и очите.

Назабена палма

Назабена палма или Saw palmetto  Serenoa repens  е дрво кое расте до 10 стапки со лисја во форма на трн наредени како вентилатор. Назабена палма помага кај бенигна хиперплазија на простатата, кај рак на простата, го зголемува сексуалниот нагон, го забавува процесот на губење на косата кај мажите.

Ноќниче

Ноќниче научно позната како Oenothera biennis, е родена во Европа, како и во Северна Америка и е дел од традиционалните лекови уште од античко време. Ноќничето се користи против кожни заболувања, против ревматоиден артририс, против остеопороза, го подобрува здравјето на срцето, ја подобрува плодноста, се бори против симптомите на косопаст.

Петровец

Петровец или Agrimonia eupatoria потекнува од Европа, Западна Азија и Северна Африка. Неговото име agrimony потекнува од грчкиот збор Agermone што значи лек за очи. Билката се користи против дијабетис, за акни, егземи и флеки на кожата, за респираторни проблеми, има антиканцерогени ефекти, го потикнува растот на косата.

Плод од Нони

Morinda citrifolia (нони или индиска црница) е по потекло од областа од Југоисточна Азија до северна Австралија. Помага за ублажување на болки, јакнење на имунитетот, се користи како антидепресив, помага кај тумор, кај хипертензија, кај холестерол, при запек, ја подобрува меморијата.

Рибен колген

Рибиниот колаген, исто така познат како морски колаген, во суштина е суперхерој на колагените, тој е неверојатно корисен за здравјето на вашата кожа (најголемиот орган на вашето тело) и коските, колагенот богат со глицин и пролин кој се наоѓа во рибата ќе ве импресионира додека читате повеќе за тоа.

Рогач

Рогач во прав  Carob powder или брашно од рогач е замена за какаото во прав. Направен е од сушени, печени мешунки од рогач и многу наликува на какао во прав . Рогачот често се користи како природен засладувач во печива. Сладок е и има уникатен вкус. Рогачот не содржи масти, не содржи натриум. Тоа е одлична опција за луѓе кои следат диета.

Рузмарин

Рузмарин, Rosmarinus officinalis е миризлива билка родена во медитеранскиот регион. Рузмаринот е богат извор на железо, калциум и витамини А, Ц и Б-6, се користи за медицински цели со векови, против косопаст, артритис, нефропатија, анксиозност, ментален замор, хипотензија и гингивитис.

Сончоглед

Сончоглед, Helianthus annuus (родот Helianthus), потекнува првенствено во Северна и Јужна Америка. Семките од сончоглед имаат висока содржина на витамин Е, имаат висока содржина на диетални влакна, тие нудат висока содржина на протеини и јаглехидрати, содржат железо, имаат смирувачки ефект врз мозокот и помагаат во подигнување на расположението.

Црн Бозел

Бозелот Sambucus nigra е растение кое широко се користи во многу делови на светот, наречено дрво на животот. Црниот бозел помага кај настинка и грип, го зајакнува имунолошкиот систем, помага за здравје на срцето, го подобрува варењето, го намалува нивото на шеќер во крвта.

Чајно дрво

Чајното дрво Melaleuca alternifolia е мало дрво кое расте до висина од околу 20 стапки, со грмушка круна и белузлава, хартиена кора. Маслото од чајно дрво ефикасно ја третира пигментацијата на кожата, акните, дерматитисот, првутот на косата, има антибактериски и антипаразитски својства.

Шумски мед

Шумскиот мед Honeydew Honey или Forest Honey го произведуваат пчелите од дабови шуми. Помага во намалување на ризикот од срцеви заболувања, го зајакнува имунолошкиот систем, се бори против инфекции, лекува кашлица, варење, несоница и респираторни заболувања, го намалува ризикот од развој на болести.