Производи и информации кои помагаат при одржување и заздравување на коските и зглобовите во телото.

Производи & Пакети

Дали знаете & Факти од Природата

Авокадо

Авокадо или  Persea americana потекнува од Мексико, го намалува холестеролот, го подобрува здравјето на срцето, има придобивки кај видот, може да ги намали симптомите на артритис, помага кај заздравување на раните.

Бел Трн (Силимарин)

Белиот трн (Silybum marianum) е едногодишно или двегодишно растение од фамилијата Asteraceae со репутација на спасител на црниот дроб. Го спречува падот на функцијата на мозокот поврзан со возраста, како Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест, може да ги заштити вашите коски, го зголемува производството на мајчино млеко кај доилките.

Босвелија

Boswellia serrata е растение од кое се прави индиски темјан. Помага кај артритис, кај заздравување на раните, го подобрува имунолошкиот систем, ја спречува главоболката, го намалува стресот, помага при дигестивните проблеми, ја враќа хормонската рамнотежа на телото.

Витамин Ц

Витамин Ц или Ascorbic acid е витамин растворлив во вода, важен за здрава кожа, заби, коски и крвни садови. Му помага на телото да произведува колаген, му помага на телото да го апсорбира железото, го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува заздравувањето на раните.

Екстракт од полжав

Екстрактот од полжав Gastropoda е одличен извор на железо, притоа содржи витамин Б12, калиум, витамин А и голем број на минерали истотака одличен е и за кожата против брчки, стрии и стареење.

Епимедиум

Меѓу најубавите и шармантни едногодишни растенија во шумата е епимедиумот Epimedium grandiflorum. Епимедиумот го подобрува сексуалното здравје, го намалува стесот, позитивно влијае на коскената маса и мускулната маса, помага со поддршка на здравата функција на крвните садови, има ефект и врз имунолошкиот систем.

Жалфија

Salvia officinalis обично се нарекува жалфија која е повеќегодишна, зимзелена подгрмушка родена во медитеранскиот регион. Жалфијата помага да се зголемат способностите за потсетување и задржување на меморијата, го подобрува имунолошкиот систем, се користи против опаѓање на косата и ќелавост, помага во справувањето со дијабетесот, има антивоспалителни својства.

Коприва

Копривата (Urtica dioica) е повеќегодишна билка, што значи дека може да расте најмалку две години, а потекнува од Европа, Азија, Северна Африка и Северна Америка. Листот од коприва е корисен за намалување на болките и воспалението во зглобовите, за управување со шеќерот во крвта, го подобрува респираторното здравје, корисен е и за косата, кожата и ноктите.

Куркума

Екстракт од Куркума, Curcuma longa, повеќегодишно тревно растение од семејството Zingiberaceae. Помага кај артритисот, срцевата болест, рак, Алцхајмерова болест, го зајакнува имунолошкиот систем и има антиинфламаторно дејство.

Лист од маслинка

Екстрактот од маслинов лист Olive leaf добиен од листовите на Olea europaea, попозната како маслиново дрво. Екстрактот од маслиново лист го намалува кардиоваскуларниот ризик, го намалува крвниот притисок, помага при лекување на дијабетес тип 2, поддржува губење на тежината, го зајакнува имунитетот, се бори со херпес, го намалува воспалението, дури помага при лекување од рак.

Мајоран

Мајоранот научно познат како Origanum majorana , наречен и диво оригано или сладок риган е билка која е член на семејството нане (Lamiaceae). Тој е исклучително корисен за вашето кардиоваскуларно здравје, го намалува високиот крвен притисок, исто е одличен начин за зајакнување на јачината и здравјето на коските, одличен избор за да го контролирате дијабетесот, помага при згрутчување на крвта и спречува анемија исто така помага при лекување на настинката и кашлицата.

Ноќниче

Ноќниче научно позната како Oenothera biennis, е родена во Европа, како и во Северна Америка и е дел од традиционалните лекови уште од античко време. Ноќничето се користи против кожни заболувања, против ревматоиден артририс, против остеопороза, го подобрува здравјето на срцето, ја подобрува плодноста, се бори против симптомите на косопаст.

Орев

Оревите Juglans се тркалезни, едносемено коскесто овошје кои растат на дрво. Тие се добар извор на здрави масти, протеини и влакна. Може да го подобрат здравјето на срцето и коските и да помогнат во управувањето со тежината и болест на жолчните кесиња.

Планински чај

Планински чај или Sideritis scardica  е повеќегодишно растение со низок раст, потекнува од Балканот и се јавува во југозападна Албанија, Македонија, Бугарија, Србија, Грција и Турција. Растение со голем број на здравствени придобивки особено за имунолошкиот и респираторниот систем.

Рибен колген

Рибиниот колаген, исто така познат како морски колаген, во суштина е суперхерој на колагените, тој е неверојатно корисен за здравјето на вашата кожа (најголемиот орган на вашето тело) и коските, колагенот богат со глицин и пролин кој се наоѓа во рибата ќе ве импресионира додека читате повеќе за тоа.

Рузмарин

Рузмарин, Rosmarinus officinalis е миризлива билка родена во медитеранскиот регион. Рузмаринот е богат извор на железо, калциум и витамини А, Ц и Б-6, се користи за медицински цели со векови, против косопаст, артритис, нефропатија, анксиозност, ментален замор, хипотензија и гингивитис.

Семки од тиква

Семките од тиква Pepita de calabaza се јастиво семе кое обично се пече за консумирање. Тие се честа состојка во кујната и често се јадат како здрава ужина. Тие се богат извор на магнезиум и на цинк, помагаат кај заштита од дијабетес, кај здравјето на срцето, како и црниот дроб, помагаат за одржувањето на тежината, превенираат несоница.

Сончоглед

Сончоглед, Helianthus annuus (родот Helianthus), потекнува првенствено во Северна и Јужна Америка. Семките од сончоглед имаат висока содржина на витамин Е, имаат висока содржина на диетални влакна, тие нудат висока содржина на протеини и јаглехидрати, содржат железо, имаат смирувачки ефект врз мозокот и помагаат во подигнување на расположението.

Чубрица

Чубрица научно позната како Satureja hortensis е годишна тревна култура ендемична во Европа и распространета низ целиот свет. Помага при ублажување на болката, го подобрува варењето, го намалува холестеролот, помага при болно грло, помага за правилно функционирање на бубрезите и црниот дроб како и кај анемија.