Производи и информации кои помагаат при слабеење, намалување на телената тежина, контрола на апетитот и забрзување на метаболизмот.

Производи & Пакети

Дали знаете & Факти од Природата

Акаи Бери

Акаи бери, Euterpe oleracea  е палмино растение кое потекнува од Јужна Америка и кое има виолетови бобинки. Акаи бобинките се богати со антиоксиданси и помагаат во губење на тежината, нега на кожата, здравје на срцето и го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Бадем

Бадемите Prunus dulcis се меѓу најпопуларните јаткасти плодови во светот. Бадемите даваат огромна количина на хранливи материи, тие се фантастичен  извор на антиоксиданси, се богати со витамин Е, помогнат при контрола на шеќерот во крвта, можат да го намалат нивото на холестерол, го намалува гладот, намалувајќи го вкупниот внес на калории.

Гарсинија Камбоџиа

Garcinia cambogia е диво тропско и суптропско растение. Растението помага за намалување на тежината, помага при хронична инфекција со Helicobacter pylori, го зголемува имунитетот, се користи за лекување на чир, едем, треска, хемороиди, отворени рани, запек, дизентерија, дијареа и цревни паразити.

Глуварче

Глуварче или Taraxacum. Историчарите на растенијата знаат дека глуварчињата се важна компонента на традиционалната кинеска медицина најмалку илјада години, помагаат при мноштво проблеми, вклучувајќи нарушувања на бубрезите, желудникот и црниот дроб, иритации на кожата, проблеми со жолчното кесе, дијабетес, артритис, анемија, запек, забоболки, трески.

Глукоманан (Конјац)

Глукомананот Amorphophallus konjac,кој потекнува од коренот на Конјац, преставува форма на корисни растворливи влакна кои можат да го подобрат здравјето на цревата, шеќерот во крвта, липидите и други здравствени состојби. Гликоманнанот ја апсорбира водата, ни помага подолго време да се чуствуваме сити, помага при губење на маснотиите, ги намалува акните на кожата.

Ѓумбир

Ѓумбир, Zingiber е цветно растение кое потекнува од Југоисточна Азија. Тој е меѓу најздравите (и највкусните) зачини на планетата. Може да третира многу форми на гадење, особено утрински мачнини, помага при губење на тежината, помага при остеоартритис, може драстично да го намали шеќерот во крвта и да ги подобри факторите на ризик за срцеви заболувања.

Зголемена телесна тежина

Вишокот килограми прави повеќе од зголемување на вашата тежина - тие го зголемуваат ризикот од големи здравствени проблеми. Луѓето кои се со прекумерна тежина имаат поголема веројатност да имаат срцеви заболувања, мозочни удари, дијабетес, рак и депресија.

Јаболка

Malus domestica Јаболката се вкусно и сочно овошје кое ја гаси жедта и ја задоволува потребата од слатко, а истовремено го промовира целокупното здравје на екстензивен начин, помага за одржување свеж здив, помага кај лекување рак на простатата, корисен е за Алцхајмерова болест, ја подобрува меморијата, ги сперчува васкуларните заболувања, го јакне имунитетот, лек е за дебелината, астмата и дијабетес.

Јапонска јазолна трева (Полигонум)

Полигонум или Јапонска јазолна трева Polygonum cuspidatum е често познат како мексикански бамбус или јапонски јазол и лесно се наоѓа во Азија и Северна Америка. Во традиционалната кинеска медицина се користи за бронхитис, аменореа (отсуство на менструација), жолтица и крвен притисок. Полигонумот го привлече вниманието на западните истражувачи поради неговата висока концентрација на ресвератрол. Претходно се покажа дека ресвератролот има антиинфламаторно, антигабично, антибактериско, антивирусно, имуномодулаторно, хемопревентивно и кардио-заштитно дејство.

Кетони од Малина

Кетонот од малина Raspberry Ketones е супстанца која природно се појавува и која на црвените малини им дава специфичен мирис. Кетоните од малина го поддржуваат управувањето со апетитот и дигестивно здравје, промовираат регулирање на воспалението во организмот и го поттикнува здравиот метаболизам.

Кокос

Кокосот Cocos nucifera е разноврсно овошје. Не само што е составен дел на кујните од целиот свет, туку содржи и вода која се консумира поради неговите лековити својства. Кокосот го подобрува нивото на холестерол, може да ги намали инфекциите, може да го намали ризиокот од деменција, го намалува оштетувањето на клетките.

Л-карнитин

Л-Карнитинот Carnitine се наоѓа во речиси сите клетки на телото и игра витална улога во производството на енергија. Л-карнитинот се покажа дека има корисен ефект врз губењето на тежината и подобрување на функцијата на мозокот. Исто така, се поврзува со подобрување на здравјето на срцето,за подобри перформанси при вежбање, намалување на болката во мускулите и зголемено снабдување со кислород до мускулите.

Лимон

Лимон или Citrus limon. Цитрусовите плодови се одгледуваат во јужна Кина и Југоисточна Азија околу 4000 години. Лимоните можат да обезбедат важни здравствени придобивки како што се: здравје на срцето, здравје за варење, управување со тежината, превенција на анемија, превенција на камења во бубрезите.

Маитаке

Маитаке Grifola frondosa печурката е многу хранлива и корисна како функционална храна. Нејзината хранлива вредност доаѓа од амино киселини, витамини од групата Б и минерали, вклучувајќи бакар, цинк и фосфор, исто така содржи импресивна количина на алфа- и бета-глукански полисахариди, тритерпени и дополнителни биоактивни хемикалии за кои е познато дека нудат широк спектар на здравствени придобивки.

Орев

Оревите Juglans се тркалезни, едносемено коскесто овошје кои растат на дрво. Тие се добар извор на здрави масти, протеини и влакна. Може да го подобрат здравјето на срцето и коските и да помогнат во управувањето со тежината и болест на жолчните кесиња.

Ориз

Ориз, (Oryza sativa), јадливо скробно жито и тревно растение (семејство Poaceae). Оризот првенствено се состои од јаглени хидрати, содржи голема количина на диетални влакна, потоа селен, магнезиум и манган. Помага кај дијабетис, кај здравјето на срцето, за намалување на ризикот од рак, кај дигестивното здравје дури и за нега на кожата.

Пченка

Пченката Zea mays каква што ја знаеме денес не би постоела доколку не би биле луѓето кои ја одгледувале и развивале. Тоа е човечки изум, растение кое природно не постои во дивината. Може да преживее само ако е засадена и заштитена од луѓето. Пченката ги спречува хемороидите, го потикнува растот, го спречува ракот, го штити вашето срце, спречува анемија, помага при дијабетис.

Црн Бибер

Црн Бибер или Piper nigrum познат како „Кралот на зачините“, воедно е најважниот зачин кој се тргува на меѓународно ниво. Црниот бибер помага во превенцијата од рак, го стимулира варењето, ја ублажува кашлицата и настинката, помага при губење на тежина, делува како антиоксиданс.