Производи и информации кои помагаат при зајакнување на имунитетот, го јакнат здравјето и отпорноста бактерии, вируси и настинки.

Производи & Пакети

Дали знаете & Факти од Природата

Акаи Бери

Акаи бери, Euterpe oleracea  е палмино растение кое потекнува од Јужна Америка и кое има виолетови бобинки. Акаи бобинките се богати со антиоксиданси и помагаат во губење на тежината, нега на кожата, здравје на срцето и го зајакнуваат имунолошкиот систем.

Алое Вера

Aloe barbadensis Miller е растение кое потекнува од Северна и Источна Африка. Содржи здрави растителни соединенија, има антиоксидантни и антибактериски својства, потоа го забрзува заздравувањето на раните, го намалува забниот плак, помага во лекување на пациенти заболени од рак, исто така може да го забави стареењето на кожата дури и го намалува нивото на шеќер во крвта.

Аронија

Црната аронија или аронија Aronia melanocarpa  потекнува од Северна Америка и била транспортирана во Европа пред речиси еден век. Аронијата е моќен антиоксидант, има антиканцероген ефект, го подобрува здравјето на срцето, го јакне имунитетот, помага при намалување на гликозата во крвта.

Босвелија

Boswellia serrata е растение од кое се прави индиски темјан. Помага кај артритис, кај заздравување на раните, го подобрува имунолошкиот систем, ја спречува главоболката, го намалува стресот, помага при дигестивните проблеми, ја враќа хормонската рамнотежа на телото.

Витамин Ц

Витамин Ц или Ascorbic acid е витамин растворлив во вода, важен за здрава кожа, заби, коски и крвни садови. Му помага на телото да произведува колаген, му помага на телото да го апсорбира железото, го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува заздравувањето на раните.

Гарсинија Камбоџиа

Garcinia cambogia е диво тропско и суптропско растение. Растението помага за намалување на тежината, помага при хронична инфекција со Helicobacter pylori, го зголемува имунитетот, се користи за лекување на чир, едем, треска, хемороиди, отворени рани, запек, дизентерија, дијареа и цревни паразити.

Глуварче

Глуварче или Taraxacum. Историчарите на растенијата знаат дека глуварчињата се важна компонента на традиционалната кинеска медицина најмалку илјада години, помагаат при мноштво проблеми, вклучувајќи нарушувања на бубрезите, желудникот и црниот дроб, иритации на кожата, проблеми со жолчното кесе, дијабетес, артритис, анемија, запек, забоболки, трески.

Епимедиум

Меѓу најубавите и шармантни едногодишни растенија во шумата е епимедиумот Epimedium grandiflorum. Епимедиумот го подобрува сексуалното здравје, го намалува стесот, позитивно влијае на коскената маса и мускулната маса, помага со поддршка на здравата функција на крвните садови, има ефект и врз имунолошкиот систем.

Жалфија

Salvia officinalis обично се нарекува жалфија која е повеќегодишна, зимзелена подгрмушка родена во медитеранскиот регион. Жалфијата помага да се зголемат способностите за потсетување и задржување на меморијата, го подобрува имунолошкиот систем, се користи против опаѓање на косата и ќелавост, помага во справувањето со дијабетесот, има антивоспалителни својства.

Зелен Чај

Зелениот чај се користи за медицински цели во Кина и Јапонија илјадници години. Зелениот чај помага за подобрување на менталната будност, ублажување на дигестивните симптоми и главоболки и губење на тежината како и против срцеви заболувања и рак.

Имунитет

Вродениот имунитет е прва линија на одбрана од патогени кои се обидуваат да влезат во нашите тела, постигната преку заштитни бариери. Адаптивниот или стекнатиот имунитет е систем кој учи да препознава патоген. Тој е регулиран од клетките и органите во нашето тело како слезината, тимусот, коскената срцевина и лимфните јазли. Кога туѓа супстанција ќе влезе во телото, овие клетки и органи создаваат антитела и доведуваат до размножување на имуните клетки (вклучувајќи различни видови бели крвни зрнца) кои се специфични за таа штетна супстанција и ја напаѓаат и уништуваат.

Јаболка

Malus domestica Јаболката се вкусно и сочно овошје кое ја гаси жедта и ја задоволува потребата од слатко, а истовремено го промовира целокупното здравје на екстензивен начин, помага за одржување свеж здив, помага кај лекување рак на простатата, корисен е за Алцхајмерова болест, ја подобрува меморијата, ги сперчува васкуларните заболувања, го јакне имунитетот, лек е за дебелината, астмата и дијабетес.

Јапонска јазолна трева (Полигонум)

Полигонум или Јапонска јазолна трева Polygonum cuspidatum е често познат како мексикански бамбус или јапонски јазол и лесно се наоѓа во Азија и Северна Америка. Во традиционалната кинеска медицина се користи за бронхитис, аменореа (отсуство на менструација), жолтица и крвен притисок. Полигонумот го привлече вниманието на западните истражувачи поради неговата висока концентрација на ресвератрол. Претходно се покажа дека ресвератролот има антиинфламаторно, антигабично, антибактериско, антивирусно, имуномодулаторно, хемопревентивно и кардио-заштитно дејство.

Какао

Чоколадните зрна се семето на дрвото какао. Какао Theobroma cacao дрвја растат во дождовните шуми и мешунките растат директно на стеблата на какао дрвото. Какаото е најголем извор на железо од растително потекло, полн е со магнезиум за здраво срце и мозок, содржи повеќе калциум од кравјото млеко, го подобрува расположението, помага кај астма, дури има заштитини ефекти кај забите и кожата.

Камилица

Камилицата (Matricaria chamomilla) е цветно растение од семејството на маргаритки (Asteraceae). Камилицата е најпозната алтернативна терапија за поттикнување на спиењето и лекување на несоница, има значајни придобивки кога станува збор за намалување на анксиозноста, може да го намали шеќерот во крвта, значително го намалува гингивитисот и наслагите на забите, може да ја намали болката од менструалните грчеви.

Комбуха

Комбуха,  Medusomyces gisevii е газиран слатко-кисел пијалок направен од црн чај. Се користи за подобрување на варењето и дијабетесот, зајакнување на имунолошкиот систем, намалување на крвниот притисок и детоксикација.

Кордицепс

Кордицепс Cordyceps sinensis препознатлив по способноста да ја поддржува виталноста и издржливоста како резултат на природните соединенија во печурката кои ја подобруваат достапноста на кислород во крвта, тој е идеален за спортисти кои бараат извори на енергија кои прават позитивна разлика во нивните перформанси.

Корејски Женшен

Панакс женшен, Panah ginseng познат и како корејски женшен, е билка која се користела за различни здравствени цели. Преставува моќен антиоксиданс кој може да го намали воспалението, ја подобрува функцијата на мозокот, може да ја подобри еректилната дисфункција, го зајакува имунолошкиот систем, го намалува шеќерот во крвта, се бори со уморот и да го зголемува нивото на енергија.

Куркума

Екстракт од Куркума, Curcuma longa, повеќегодишно тревно растение од семејството Zingiberaceae. Помага кај артритисот, срцевата болест, рак, Алцхајмерова болест, го зајакнува имунолошкиот систем и има антиинфламаторно дејство.

Л-карнитин

Л-Карнитинот Carnitine се наоѓа во речиси сите клетки на телото и игра витална улога во производството на енергија. Л-карнитинот се покажа дека има корисен ефект врз губењето на тежината и подобрување на функцијата на мозокот. Исто така, се поврзува со подобрување на здравјето на срцето,за подобри перформанси при вежбање, намалување на болката во мускулите и зголемено снабдување со кислород до мускулите.

Лавовска Грива

Лавовска грива (Hericium erinaceus) е вид на лековита печурка, ја подобрува функцијата на мозокот, се бори против депресија, против леукемија и рак, помага кај дијабетичари, го зајакнува имунолошкиот систем.

Липа

Липата, Tilia е свето и универзално дрво. Почитувана уште од античко време, користена со векови, сакана низ целиот свет, липата е пар екселанс дрвото на изобилството, најкорисното дрво што постои. Помога во ублажување на анксиозноста, помога во спречување на хронични болести, го детоксицира телото, ги намалува настинката и грипот, го отстранува воспалението, помага во подобрување на варењето.

Лист од маслинка

Екстрактот од маслинов лист Olive leaf добиен од листовите на Olea europaea, попозната како маслиново дрво. Екстрактот од маслиново лист го намалува кардиоваскуларниот ризик, го намалува крвниот притисок, помага при лекување на дијабетес тип 2, поддржува губење на тежината, го зајакнува имунитетот, се бори со херпес, го намалува воспалението, дури помага при лекување од рак.

Маитаке

Маитаке Grifola frondosa печурката е многу хранлива и корисна како функционална храна. Нејзината хранлива вредност доаѓа од амино киселини, витамини од групата Б и минерали, вклучувајќи бакар, цинк и фосфор, исто така содржи импресивна количина на алфа- и бета-глукански полисахариди, тритерпени и дополнителни биоактивни хемикалии за кои е познато дека нудат широк спектар на здравствени придобивки.